Дома Трансфер зона Деновите на „Олд Трафорд“ му се одброени: Санчез се враќа во Шпанија!

Деновите на „Олд Трафорд“ му се одброени: Санчез се враќа во Шпанија!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез би можел да се врати во Шпанија бидејќи за него силен интерес покажуваат Атлетико Мадрид и Валенсија.

Санчез остана во втор план на „Олд Трафорд“ и после промената на тренерот, па сериозно размислува да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите тврдат дека Јунајтед нема да му стои на патот и дека нема да бара големо обештетување, бидејќи сака да се ослободи од неговата висока плата.

Токму тоа е и најголемиот проблем при трансферот, бидејќи Чилеанецот не сака да ги намали своите примања, а ниту еден друг клуб не е спремен да му плаќа 15 милиони евра по сезона.

Сепак, Санчез би можел да се врати во Шпанија оваа зима и тоа како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…