Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јувентус и украде „бисер“ на Барса, Мурињо го сака Мина, сензационалната трампа и денес актуелна

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јувентус и украде „бисер“ на Барса, Мурињо го сака Мина, сензационалната трампа и денес актуелна

transferi

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот ширум Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Менаџерот на Манчестер Јунајтед најави дека до крајот на преодниот рок неговиот клуб ќе се обиде да доведе уште барем две засилувања (ОВДЕ)

– Најнова вест поврзана со потенцијалната сензационална размена помеѓу Јувентус и Милан: Имено, „росонерите“ во замена за Бонучи освен Игуаин во зделката сакаат да биде вклучен и талентираниот стопер, Матија Калдара (ОВДЕ)

Андре Шурле наскоро пристигнува на медицински прегледи во тимот на Фулам (ОВДЕ)

– Доколку Миралем Пјаниќ навистина го напушти Јувентус, клубот ќе се обиде да стигне до потписот на фудбалерот на Челзи, Н’Голо Канте. (ОВДЕ)

– Хрватскиот стопер, Домагој Вида поради одличните настапи на Мундијалот добива понуда од сите страни

– ПОТВРДЕНО: Атлетико Мадрид го комплетираше трансферот на напаѓачот на Спортинг, Желсон Мартинс. Напаѓачот на „Ванда Метрополитано“ пристигнува без оштета. (ОВДЕ)

– Манчестер Јунајтед размислува за ангажман на стоперот на Барселона, Јери Мина кој претходно се поврзуваше со трансфер во Лион (ОВДЕ)

– Шпанските медиими пишуваат дека Јувентус испратиЛ понуда за услугите на фудбалерот на Реал Мадрид, Тео Ернандез (ОВДЕ)

– „Скај Спорт“ пренесува дека ПСЖ и Баерн Минхен отвориле преговори за трансфер на Жером Боатенг во Париз.

– Јувентус успеа да го доведе 16 годишниот напаѓач на Барселона од „Ла Масија“, Пабло Морено за сума од 700.000 евра

– Бекот на Јувентус, Алекс Сандро иако на големо се поврзуваше со заминување од таборот на „старата дама“ одлучил да остане во Торино, најмногу поради пристигнувањето на Кристиано Роналдо, пишува „Калчомеркато“.

– Германски „Билд“ пренесува информација дека Манчестер Јунајтед е спремен да понуди сума од 44 милиону фунти за услугите на Анте Ребиќ.

– Челзи наводно размислува да испрати нова понуда до Јувентус за услугите на Гонзало Игуаин во износ од 57 милиони фунти.

– Официјално: Монако го доведе Жан Еудес Ахолу од редовите на Стразбур.

– Официјално: Голманот на Барселона Адриен Ортола се пресели во редовите на Депортиво Ла Коруња како позајмен фудбалер.

– Официјално: Севиља го доведе Сержи Гомез од Селта Виго.

– Ветеранот помеѓу стативите, Роб Грин (38)  кој ова лето требаше да оди во фудбалска пензија, изгледа ќе ја промени одлуката и ќе пристигне во Челзи како трет голман. (OВДЕ)

– Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис потврди дека клубот одбил понуда во вредност од 100 милиони евра за стоперот, Калид Кулибали (ОВДЕ)

– Директорите на Евертон наводно отпатувале за Каталонија каде што се надеваат дека ќе успеат да постигнат договор со Барселона за трансфер на Јери Мина и Лукас Диње.

Хавиер Занети ги израдува навивачите на Интер со изјавата дека Мауро Икарди со 100% сигурност останува во Интер ова лето.

– Голем број медиуми пишуваат за можна преселба на Едисон Кавани на „Сантиаго Бернабеу’. (ОВДЕ)

– Oфицијално: Челзи го испрати Марио Пашалиќ на едногодишна позајмица во тимот на Аталанта.

– Италијанските медиуми: Јувентус нуди 90 милиони евра, плус Марко Пјаца за услугите на Сергеј Милинковиќ Савиќ. (ОВДЕ)

– Официјално: Вундеркидот Алфонсо Дејвис е нов фудбалер на Баерн Минхен. Алфонсо на тимот на Баерн ќе му се приклучи од 1 јануари 2019 година.

– Манчестер Сити го доведе 18 годишниот играч за врска Клаудио Гомеш од редовите на Пари Сен Жермен. Гомеш настапуваше за тимот на ПСЖ до 23 години, покрај тоа е и капитен на репрезентацијата на Франција до 18 години. (ОВДЕ)

– ПОТВРДЕНО: Претседателот на Монако, потврди дека Головин пристигнува во клубот од Кенежеството и ќе потпише договор на пет години, додека ЦСКА ќе добие сума од 30 милиони евра. (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…