Фудбалерот на Борсуија Дортмунд, Андре Шурле повторно ќе се врати во Премиер лигата, но овој пат во дресот на Фулам.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кариерата на Шурле тргна во надолна линија откако го напушти Челзи, па јасно беше дека за него нема повеќе место во Борсија Дортмунд. 27-годишниот Германец не замина со „милионерите“ на предсезонските подготовки во САД, откако стана јасно дека новиот тренер нема да смета на играчот и тој треба да си бара нов клуб.
Последните информации од Островот говорат дека Шурле се договорил со Фулам и денес пристигнал во Лондон на лекарски прегледи, па се очекува набрзо и официјално да потпише договор со тимот од „Кревин Котиџ“.
Ова ќе биде второ големо засилување за тимот на Јокановиќ, откако претходно го обезбедија потписот на Жан-Микаел Сери, кој беше поврзуван за тимови од рангот на Барселона и Челзи.