Дома Трансфер зона Јувентус подготвува нова понуда за Милинковиќ Савиќ: 90 милиони евра, плус играч

Јувентус подготвува нова понуда за Милинковиќ Савиќ: 90 милиони евра, плус играч

savic

Фудбалскиот репрезентативец на Србија, Сергеј Милинковиќ Савиќ и понатаму се наоѓа на мета на Јувентус.

Италијанските медиуми пишуваат дека Савиќ е прв избор за „старата дама“ во случај Пјаниќ да го напушти клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Понудата за која се шпекулира во медиумите во оваа земја го вклучува и Хрватот Марко Пјаца кој би бил понуден на Лацио покрај оштетата од 90 милиони евра.

Сепак, не е познато колку оваа понуда би ги задоволила апетите на „тврдиот“ преговарач Клаудио Лотито кој бара 150 милиони евра и свесен е дека Сергеј се поврузва со Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Челзи, клубови кои би можеле да ја платат бараната сума.

Савиќ минатата сезона во дресот на Лацио одигра 48 натпревари и постигна 14 погодоци, додека за селекцијата на Србија настапи на седум натпревари и беше дел од Мундијалот во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен спреми рекордна понуда за Тео Хернандес

Баерн Минхен на лето најверојатно ќе остане без Алфонсо Дејвис, па веќе ја започна потрага…