Дома Трансфер зона Потврдено: Головин има нов клуб, потпишува на пет години, ЦСКА добива 30 милиони евра

Потврдено: Головин има нов клуб, потпишува на пет години, ЦСКА добива 30 милиони евра

golovin

Од Монако потврдија дека имаат нов играч за врска!

Завршува уште една летна трансфер сага. На почетокот се пишуваше дека оди во Јувентус, подоцна Челзи важеше како фаворит, дури и еден соиграч од репрезентацијата му посака среќа во редовите на „сините“, но Головин на крајот заврши во Монако!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ЦСКА Москва од неговиот трансфер ќе добие 30 милиони евра, додека Головин на „Луј втори“ го чека договор на пет години. Лекарските прегледи се закажани за во текот на утрешниот ден, кога и се очекува да биде претставен како нов фудбалер на Монако.

Трансферот на Головин го потврди претседателот на клубот Вадим Васиљев.

„Преговорите беа напорни и на него не му беше лесно да одлучи, на крајот мило ми е што не избра нас. Беше доволно да погледне колку млади играчи играле за Монако и направиле големи трансфери, тука се Мбапе, Барнардо Силва, Лемар…Имаше понуди од Јувентус Челзи, дури ми беше кажано и дека Италијанците ја завршиле работата, меѓутоа Головин пристигнува кај нас на прегледи“, потврди Вадим Васиљев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …