Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Се комплетира пресвртот на летото, размена Бонучи – Игуаин, во Милано „војна“ за Видал…

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Се комплетира пресвртот на летото, размена Бонучи – Игуаин, во Милано „војна“ за Видал…

transferi

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

 – ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот ширум Европа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


– ПРЕСВРТОТ НА ЛЕТОТО: Бразилецот Малком се очекува денес да го комплетира својот трансфер во Барселона. Ќе потсетиме вчера двата клуба го потврдија трансферот, но неколку часа се беше стопирано поради понудата на Барселона од 41 милион евра. (ОВДЕ)

– Вистинска сензација пренесе телевизијата „Спорт Италија“, која подоцна ја дополнуваа и познати новинари: Ленаордо Бонучи би можел да се врати во Јувентус, додека во спротивен правец би тргнал Гонзало Игуаин. (ОВДЕ)

– После најавите за трансфер на Артуро Видал во Интер сега во трката за неговиот потпис наводно се вклучува и Милан (ОВДЕ)

– „Дон Балон“ пиува дека Андре Гомеш кој е „отпишан“ во Барселона во наредните денови би можел да направи трансфер во редовите на Јувентус. Според информациите Роналдо го убедувал раководството на „старата дама“ дека Гомеш во таква средина би можел да ја врати старата форма. (ОВДЕ)

– Според островските медиуми Жозе Мурињо веќе нема намера да смета на Маркус Рохо, негова желба е англискиот репрезентативец Хари Мегваер (ОВДЕ)

– Агентот Фали Рамадани кој се грижи за кариерата на Миралем Пјаниќ наводно го известил раководството дека наскоро клубот ќе добие официјална понуда од Манчестер Сити. (ОВДЕ)

– „Скај Спорт“ го наведува голманот на Стоук, Џек Бутланд како еден од потенцијалните кандидати за нов голман на Челзи, доколку клубот го напушти Куртоа 

– Спортинг Лисабон испратил понуда до Ривер Плата од околу три милиони евра за услугите на Аргентинецот Енцо Перез.

– Наводно, Челзи по барање на Маурицио Сари испратил понуда од 10 милиони евра на адреса на Милан за услугите на Пепе Реина.

– Лион е сериозен во намерата да го ангажира Мексиканецот, Хектор Ерера, но Порто за неговите услуги бара огромни 40 милиони евра.

– Договорено: Џонатан Бјабјани наскоро ќе ги заврши медицинските прегледи по што ќе стави потпис на договор со повратникот во Серија А, Парма.

– Сампдорија е во преговори со Вест Хем за доведување на фудбалерот Пабло Обианг, пренсува „Скај Спорт“.

– ЕВЕРТОНО ГО РУШИ КЛУПСКИОТ РЕКОРД: „Карамелите“ во своите редови го доведуваат фудбалерот на Вотфорд, Ричарлисон за сума од 56 милиони евра! Според „Скај Спорт“ фудбалерот веќе ги поминал медицинските прегледи. (ОВДЕ)

– СЕ Е ГОТВО: Малком потпишува договор на пет години со Барса, плата 3.5 милиони евра годишно! (ОВДЕ)

– Според индормациите на „Ас“ Барселона ја разгледува можноста за ангажман на Дани Парехо од Валенсија. (ОВДЕ)

– Oфицијално: Грегори Карачовијак го комплетираше трансферот од ПСЖ во Локомотив Москва за 10 милиони евра

– Официјално: Фулам го доведе голманот на Беикташ, Фабри.

– ФРАНЦУЗИТЕ ТВРДАТ: Готово е – Реал го обезбеди Куртоа! (ОВДЕ)

– OФИЦИЈАЛНО: Малком е нов фудбалер на Барселона!

– „Радио Монте Карло“ пренесува дека Јери Мина од Барселона би можел да направи трансфер во Лион за сума од 30 милиони евра. (ОВДЕ)

– Според извори на „Марка“ Ливерпул сака во своите редови да го доведе Хрватот од Реал Мадрид, Матео Ковачиќ. (ОВДЕ

Жоа Мутињо го комплетира трансферот во Вулверхемптон со кој ќе потпише договор на две години. (ОВДЕ)

– Според информациите на новинарот Кристијан Џек, Баерн Минхен победил во трката за потписот на тинејџерот од МЛС лигата кој настапува за Ванкувер, Алфонсо Дејвис. (ОВДЕ)

– Официјално: Ричарлисон е нов фудбалер на Евертон, пристигнува за 40 милиони фунти (44 милиони евра), со дополнителните бонуси овој трансфер би можел да достигне и вредност од 50 милиони фунти (56 милиони евра).

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…