Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо сака да донесе уште две засилувања до крајот на преодниот рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
До сега „црвените ѓаволи“ ги донесоа играчот за врска Фред, дефанзивецот Диого Далот и голманот Лиј Грант. Меѓутоа, „Специјалниот“ смета дека на тимот му се потребни уште две засилувања.
„Јас знам што сакам, но ќе видиме што ќе се случи. Желбата ми е да донесеме уште двајца нови фудбалери“, откри Мурињо, кој додаде дека се согласува трансфер пазарот во Англија да се затвора порано.
„Така е правилно. Според мене трансфер пазарот треба да се затвора пред почетокот на сезоната“, заклучи Португалецот.
Мурињо до крајот на преодниот рок сака да донесе еден дефанзивец и еден крилен напаѓач.