Дома Трансфер зона Ако си оди Пјаниќ, во Јувентус пристигнува играчот кој сите го сакаат

Ако си оди Пјаниќ, во Јувентус пристигнува играчот кој сите го сакаат

Миралем Пјаниќ константно се поврзува со заминување од Јувентус.

Играчот за врска на „Старата дама“ се поврзува со многу тимови меѓу кои и Барселона, Челзи, ПСЖ и Манчестер Сити, но за сега конкретни понуди нема. Меѓутоа, ако дојде до трансфер, Јуве наместо Пјаниќ ќе го доведе многу добро познатото име. Спремни се да го ангажираат одличниот Н`Голо Канте, иако неговата цена е 80 милиони евра.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Доаѓањето на Канте сигурно би му донело многу на Јуве во дефанзивната линија. Францускиот играч е навистина одличен во запирањето на противничките напади и без дилема е еден од најдобрите фудбалери во светот и човек кој апсолутно сите го сакаат. Сепак, оваа работа е далеку од реализација. Нема официјални понуди, но според тврдењата на италијанските медиуми, управата на Јувентус размислува во оваа насока.

Покрај Канте, со Јувентус се поврзува и играчот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алфонсо Дејвис се договори со Реал Мадрид

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…