Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Роналдо потпиша, Азар се поблиску до Мадрид, Ди Марија во Серија А, Перез го изненади Гвардиола….

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Роналдо потпиша, Азар се поблиску до Мадрид, Ди Марија во Серија А, Перез го изненади Гвардиола….

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

На самиот почеток, ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот ширум Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Утрово главна вест во сите медиуми беа медицинските прегледи на Кристиано Роналдо кој започнаа во 10:30 часот, прес-конференцијата на која ќе биде претставен пред навивачите се очекува да започне во 18:30 часот. (ОВДЕ)

– Во италијанските медиуми се пишува дека на адреса на клубот од Торино пристигнала понуда од Борусија Дортмунд за услугите на Марио Манџукиќ, но „старата дама“ истата ја одбила со порака дека Хрватот не е на продажба (ОВДЕ)

– Манчестер Сити добил одговор од Реал Мадрид кој „граѓаните“ не го очекувале. Имено, доколку Пеп Гвардиола навистина го сака Матео Ковачиќ во своите редови ќе мора да издвои сума од 80 милиони евра. (ОВДЕ)

– Жорж Мендеш би можел да приреди уште една „бомба“ на трансфер пазарот во Европа. Наводно после трансферот на Кристиано Роналдо во Јувентус, сега тој работи на преминување на Анхел Ди Марија во редовите на Интер. Да потсетиме, Ди Марија со Интер се поврзуваше и минатото лето. (ОВДЕ)

– Легендата на светскиот фудбал Брајан Ландруп во медиумите излезе со изјава дека Еден Азар го известил дека ќе направи трансфер во Реал Мадрид ова лето. (ОВДЕ)

– Официјално: ВБА го комплетираше трансферот на фудбалерот на Свонси, Кајли Бартли кој ќе извесува четири милиони фунти.

– После интересот на Барселона за играчот за врска на Севиља, Стивен Нзози, наводно Каталонците добиле одговор, дека доколку сакаат да го видат во своите редови ќе мора да ја платат неговата откупна клазула во износ од 40 милиони евра.

– Се сеќавате на Џек Родвел? Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и Евертон како слободен играч пристигнува на проба во Вотфорд каде што ќе се обиде да се избори да договор со клубот. Претходната сезона Родвел беше дел од тимот на Сандерленд.

– Наводно во Сити после неочекуваниот одговор од Реал за Матео Ковачиќ (барањето 80 милиони евра), размислуваат за поранешниот фудбалер на Јувентус, а сегашен на Саутемптон, Марио Лемина. 

– Според италијанските медиуми, сумата која Милан ја одредил за Бонучи изнесува 32 милиони евра, прв клуб кој се споменува како потенцијална дестинација е Манчестер Јунајтед. (ОВДЕ)

– Официјално: Фиорентина го доведе Федерико Чечерини од Кротоне

– Иако се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, бекот на Јувентус, Алекс Сандро изгледа е пред трансфер во Пари Сен Жермен (ОВДЕ)

– Според некои медиуми Челзи ја одредил цената за Еден Азар и таа изнесува 200 милиони фунти, но од Реал се спремни да ја платат таа сума само доколку во зделката биде вклучен и Тибо Куртоа. (ОВДЕ)

– Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп, размислува за ангжаман на голманот на Барселона, Јаспер Силенесен, пишува „Мундо Депортиво“.

– Потпретседателот на Монако, Вадим Василјев потврди дека неговиот клуб испратил понуда до фудбалерот на ЦСКА и руски репрезентативец, Александар Головин. (ОВДЕ)

Иван Перишиќ кој е голема желба на Жозе Мурињо со својата последна изјава многу веројатно најави останување во Интер и следната сезона (ОВДЕ)

– Следна дестинација на Бразилецот Бернард кој е без клуб откако го напушти Шахтјор ќе биде Премиер лигата, а во овој момент во игра за неговиот потпис се Арсенал, Евертон и Ливерпул.

– Како замена за Фелипе Андерсон кој премиан во редовите на Вест Хем, Лацио во Серија А би можел да го врати Себастијан Џовинко! (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…