Бразилскиот лев бек, Алекс Сандро најверојатно ќе го напушти Јувентус во летниот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми пренесуваат дека Алекс Сандро веќе постигнал договор со Пари Сент Жермен и дека преговорите меѓу двата клува се во напредна фаза.
Во моментов разликата е 10 милиони евра, „светците“ понудиле 40 милиони евра за Бразилецот, додека „старата дама“ инсистира да добие 50 милиони евра.
Сандро веќе постигнал договор со ПСЖ каде ќе заработува 5 милиони евра по сезон, што е скоро двојно повеќе од неговата плата во Торино
Медиумите се сигурни дека во наредните денови двата клуба ќе најдат заеднички јазик и дека трансферот ќе се реализира.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус ќе се обиде на негово место да го донесе Марсело, но тој трансфер ќе биде исклучително тежок, па многу поверојатно е да пристигне Дармијан од Манчестер Јунајтед.
Paris Saint-Germain agree personal terms with Alex Sandro https://t.co/fAkcQo81Md pic.twitter.com/TJYbs6i4Lp
— 9Sport (@9Sport1) July 16, 2018