Дома Фудбал Италија Јувентус одби понуда за Марио Манџукиќ

Јувентус одби понуда за Марио Манџукиќ

Торински Јувентус одбил понуда за хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ.

Како што пренесува Скај Спорт Италија, понуда на адресата на Бјанконерите стигна од Борусија Дортмунд, но челниците на Старата дама не ја ни погледнале.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одлучиле дека Манџо не е на продажба. Иако 32-годишниот напаѓач се поврзуваше со многубројни тимови, импресивните настапи во дресот на Хрватска го уверија раководството на Јуве сепак да остане во тимот.

Така Марио и во наредната сезона ќе го носи дресот на Старата дама и сигурно дека има уште што да покаже во црно белиот дерс во кој за три години одигра 127 натпревари и постигна 34 погодоци.

Хрватскиот напаѓач исто така се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед, а во кариерата ги носеше дресовите на Баерн, Атлетико, Волфсбург и Динамо Загреб.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Звучи неверојатно, но ова на Перез никогаш не му успеало во Реал Мадрид

Славниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез со овој клуб oствари бројни успеси н…