Дома Топ вести Трансфери во живо: Клоп го сруши рекордот за Кеита, Мбапе е светец, Озил ги спакува куферите

Трансфери во живо: Клоп го сруши рекордот за Кеита, Мбапе е светец, Озил ги спакува куферите

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

– Пепе Реина по завршувањето на вчерашниот натпревар помеѓу Наполи и Аталната, се простуваше од навивачите и соиграчите, на големо се пишува дека тој ќе заврши во редовите на ПСЖ, иако Наполи нема намера да го пушти. (ОВДЕ)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


– Дефанзивецот на Тотенхем Кевин Вимер, би можел да се пресели во редовите на Стоук.

– „Старата дама“ се обидува во финишот да го доведе фудбалерот на Барселона, Андре Гомеш. Но разликата во барањата на каталонците и понудата на Јувентус е цели 17 милиони евра. Имено, Барселона бара 50 милиони евра, додека Јувентус нуди 33.

– Oд Барселона спремеаат пеколен финиш, шансите за доведување на Анхел Ди Марија и Фелипе Кутињо се зголемуваат, а како што наведуваат шпанските медиуми се би требало да биде завршено до четврток.

– Покрај Шкодран Мустафи, Интер е спремен да доведе уште еден фудбалер од Премиер лигата, се работи за фудбалерот од средината на теренот, Муса Сисоко.

Габигол конечно пронајде клуб, Бразилецот ќе настапува за тимот на Бенфика како позајмен фудбалер. Португалците за позајмица на Бразилецот платија 500.000 евра, но и ќе плаќаат 60% од платата на Габигол која изнесува 2.5 милиони евра, останатите 40% ќе ги плаќа Интер.

– Борусија Дортмунд е блиску до доведување на напаѓачот на Динамо Киев, Андреј Јаромленко. Украинецот се наоѓа во Дортмунд каде што чека зелено светло за да ги започне медицинските прегледи. Динамо ќе добие оштета од 30 милиони евра.

– ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Ливерпул испрати понуда до Монако за услугите на Тома Лемар. Понудата е 72 милиони евра, плус осум преку бонуси. Очекувањата се Монако да ја прифати понудата, а доколку тоа се случи Фелипе Кутињо во истиот момент ќе го реализира трансферот во Барселона. (ОВДЕ)

 

-Ливерпул го собори клупскиот рекорд за најголемата желба на Јирген Клоп. Наби Кеита денес потпиша за клубот од Енфилд, а црвениот дрес ќе го облече следната сезона (ОВДЕ).

-ПСЖ и Монако конечно постигнаа договор за трансфер на Килијан Мбапе. „Светците“ за 18-годишниот напаѓач ќе платат 180 милиони евра, а играчот денес пристигна во Париз.

-Интер започна преговори со Тотенхем за трансфер на Сисоко. „Нероѕурите“ го сакаат играчот за врска на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето (ОВДЕ).

-Англиските медиуми пренесуваат дека Месут Озил добил одлична понуда и дека е на излезна врата од Арсенал (ОВДЕ).

-Милан денес постигна договор со агентот на Сусо за продолжување на договорот. Шпанецот наскоро ќе стави потпис на нов договор до 2022 година.

-Борусија Дортмунд го официјализираше трансферот на Јармоленко од Динамо Киев за 20 милиони евра (ОВДЕ).

-Торино ја зголеми понудата за Мбаје Нианг на 15 милилиони евра, но Милан не сака да го пушти напаѓачот за помалку од 18 милиони евра. Двата клуба се во преговори и се очекува да најдат заеднички јазик за трансферот.

-Челзи е спремен да понуди 35 милиони фунти за играчот на Арсенал, Алекс Окслејд Чемберлејн.

-Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Емре Мор е пред трансфер во Селта, а „милионерите“ се во трка за потписот на Јулијан Дрекслер.

-Баерн Минхен не сака да го продаде Ренато Санчез, сака само да го испрати на едногодишна позајмица. Германските медиуми тврдат дека тоа најверојатно ќе биде во Свонси, кој го сака Португалецот на позајмица.

Рома го договори трансферот на Патрик Шик од Сампдорија за 38 милиони евра (ОВДЕ).

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Канатларовски испрати порака до фудбалерите: Треба да разберат дека Македонија секогаш е на прво место!

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, официјално во Скопје ги започна подгото…