Дома Трансфер зона Солзи на „Сан Паоло“, Реина се простуваше – Клубот не сакаше да слушне за заминување!

Солзи на „Сан Паоло“, Реина се простуваше – Клубот не сакаше да слушне за заминување!

Голманот на Наполи, Пепе Реина, по завршувањето на вчерашниот натпревар против Аталнта долго плачеше на „Сан Паоло“.

Имено, Реина сака во ПСЖ кој му понуди договор на две години вреден седум милиони евра, додека од Наполи му понудија договор до крајот на сезоната и значително помала сума.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сари е лут на него бидејќи одлучил да замине во последните денови од преодниот рок, Де Лаурентинс се заканува дека нема да го пушти. Наполитанците го сакаат голманот на Реал Сосиедад, Рулио, но тој во овој момент е невозможна мисија.

Сепак, тешко ќе го спречат Реина да замине, тој вчера се простуваше од навивачите, а потоа во соблекувалната и со соиграчите.

Реина замина на припреми со репрезентацијата, многумина сметаат дека нема повеќе да се врати, но од друга страна Наполи одби да ги земе Ареола или Трап како замена за Шпанецот.

Наполи го има Бразилецот Рафаел, како и Сепе, се споменуваше Карнезис од Удинезе, а се шпекулира дека италијанскиот клуб ќе бара 15 милиони евра од ПСЖ со цел да ги натераат Французите да се откажат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегаш…