Дома Фудбал Англија Траеше цела вечност: Дали ова е најспориот изведен пенал на сите времиња?

Траеше цела вечност: Дали ова е најспориот изведен пенал на сите времиња?

Во англиски Чемпионшип вчера се одиграа натпреварите од 3. коло.

Барнсли на свој терен го пречека Чарлтон и одигра 2:2, а без победа остана во самата завршница од натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Домашниот тим поведе во 34. миута преку Вудров, но гостите само шест минути подоцна израмнија на 1:1.

Веќе на самиот почеток од второто полувреме, во 48 минута, Барнсли повторно стигна до водство кога Чаплин постигна погодок за 2:1, а тој резултат беше на семафорот се до 89. минута.

Тогаш беше досуден пенал за гостите, а сигурен од белата точка беше Тејлор за конечни 2:2.

Она поради што овој играч стана хит на друштвените мрежи е спориот изведен пенал.

Тејлор излезе надвор од шеснаесетникот на околу 20 метри и после тоа лесно, чекор по чекор одеше кон топката за на крајот конечно да го изведе пеналот и да постигне погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хабиб сè уште е ѕвер – лесно го собори поранешниот УФЦ шампион во полутешка категорија (Видео)

Интересен боречки меч можеше да се види во Лас Вегас помеѓу поранешни шампиони во УФЦ. Сеп…