Maкс Тејлор е момче кое во иднина сигурно ќе биде пример за верба и напорна работа, дури и во најтешките моменти.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, на Тејлор му беше откриен рак после што мораше да оди на лекување. Меѓутоа тоа не го запре во сонот да стане професионален фудбалер. Во ноември 2019 година тој им се врати на тренинзите.
Таа приказна денес доби продолжение. Тејлор денес го потпиша првиот професионален договор со клубот од „Олд Трафорд“.
Во клубот веруваат дека од него можат да очекуваат големи работи во иднина.