Дома Фудбал Трагедија: Загина поранешен фудбалер на Олимпијакос и репрезентативец на Грција (21)

Трагедија: Загина поранешен фудбалер на Олимпијакос и репрезентативец на Грција (21)

Страшна вест ни доаѓа од Грција: Поранешниот играч на Олимпијакос и грчки репрезентативец Харис Пастрас загина во сообраќајна несреќа на 21 година!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Грчките медиуми јавуваат дека Пастрас го загубил животот во неделата наутро, кога изгубил контрола над возилото што го управувал и починал на лице место.

Пастрас е дете на Олимпијакос, играше за У 17 и У 19 во сезоните 2020/21 и 2021/22, додека играше и за У 17 репрезентацијата на Грција. Неговиот последен клуб беше Посејдон од Неа Миханони.

„Не можеме да најдеме соодветни зборови да ја изразиме нашата тага за загубата на еден млад човек. Нашиот 21-годишен Харис Пастрас трагично загина во неделата во раните утрински часови во сообраќајна несреќа, оставајќи ги во жалост неговото семејство, соиграчите и сите со кои работеше додека беше во Посејдон, сите оние кои го сакаат и ќе го паметат засекогаш. . Нека почива во мир, сакаме да изразиме најдлабоко сочувство до семејството – соопшти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …