Дома Луд Спорт Трагедија во Шпанија: Фудбалер пронајден мртов меѓу два вагони

Трагедија во Шпанија: Фудбалер пронајден мртов меѓу два вагони

Страшна вест доаѓа од Шпанија, каде е пронајдено телото на поранешниот играч на Кордоба, Алваро Пријет, по кој се трагаше неколку дена.

Шпанската полиција објави дека безживотното тело на фудбалерот било пронајдено со јасни траги на струен удар од кој му биле изгорени рацете и косата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според пишувањето на медиумите, фудбалерот се обидел да помине помеѓу двата вагони кои не биле во сообраќај неколку месеци и тука се случил фаталниот струен удар.

Фудбалерот пред неколку дена отпатувал за Севиља во придружба на уште еден млад човек, а во средата биле во ноќен клуб во Севиља. Четврток бил последниот ден кога некој слушнал за него. Тој требало да отпатува за Кордоба, но имал проблеми со билетот и со батеријата на телефонот, па решил да се качи во друг воз без соодветна карта и да не оди во Кордоба. Персоналот на возот го натерал да се симне од возот, а потоа последен пат бил снимен на безбедносните камери на станицата Санта Хуста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…