Година ипол откако си замина од Шкендија, Тотре денес се врати во тетовскиот клуб и клубот под Шара го претстави како ново засилување.
Тотре под Шара се враќа од Ворскла и ќе биде на позајмица до крајот на сезоната кога ќе му заврши договорот со украинскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Украина Тотре пристигна од Тирана во трансфер вреден 250.000 евра. Сепак, во есенскиот дел од сезоната одигра само три натпревари и ќе се обиде да ја врати формата во клубот каде што ги направи првите чекори.
„Навистина убаво е чувството да се вратите повторно дома, ова е клубот каде што пораснав и се афирмирав како фудбалер.
Шкендија секогаш ќе има посебно место во мојот живот и многу среќен што ќе го носам овој дрес повторно. Благодарен сум на клубот на дадената можност и се надевам заедно ќе ги оствариме нашите цели“, изјави Тотре.
Дебито на Тотре кој сега има 27 години беше на само 17 и во Тетово помина седум сезони во кои освои три титули во првенството и две во Купот на Македонија. Со Тирана во 2021 година стана шампион на Албанија.