Дома Фудбал Италија Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо

Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо

Легендата на Рома, Франческо Тоти ја коментираше актуелната ситуација во клубот и не е импресиониран од засилувањата кои пристигнаа ова лето.

Тоти верува дека неговиот пријател Де Роси може да ја има судбината на Мурињо доколку „волчицата“ не успее да избори пласман во Лигата на шампиони.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


„Со оглед на лудите летни вложувања, тие мора да се пласираат во Лигата на шампионите. Ако инвестирате 100 милиони евра и не стигнете таму, тоа е тотален неуспех. Без Лигата на шампионите, Де Роси ќе си замине порано, нема да го дочека крајот“.

„Тој е единствениот кој може да биде тренер на Рома во моментов. Меѓутоа, ако работите не одат добро, целата вина ќе биде на Даниеле. Токму тоа му се случи на Мурињо. Застана пред проектот, но никој не му помогна и не разговараше со него. Ако не донесеш резултати, стануваш жртвено јагне“, изјави Тоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн броеше до девет, Ливерпул го освои Сан Сиро

Возбудливо и ефикасно во првото коло од ЛШ, каде Ливерпул го доби дербито со Милан, а Баер…