Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви ја одреди оштетата за најдобриот играч на „петлите“, Хари Кејн и таа изнесува 110 милиони евра.
Кејн има договор со Тотенхем до 30-ти јуни 2024 година. Британските медиуми потсетуваат дека капитенот на репрезентацијата на Англија минатата година имаше понуда од Манчестер Сити кој на крајот одлучи да го доведе Норвежанецот, Ерлинг Халанд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Леви не разгледува понуди пониски од 110 милиони евра за Кејн. За пониски суми воопшто нема да преговара“, објави „Фудбал Инсајдер“.
Во медиумите се шпекулира дека Кејн би можел кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед. За Тотенхем игра од 2004 година кога пристигна од Вотфорд, а од 2011 до 2013 година беше на позајмици во Лејтон, Милвал, Норвич и Лестер.
Дресот на Тотенхем Кејн го носеше на 422 натпревари и постигна 268 голови. Со Тотенхем нема освоен трофеј, а поразен беше во финалето од Лигата на шампионите во 2019 година против Ливерпул (0:2).