Дома Фудбал Кејн е незапирлив – урна рекорд кој 36 години го држеше Линекер

Кејн е незапирлив – урна рекорд кој 36 години го држеше Линекер

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, одамна го држи статусот на најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација, но продолжува да испишува нови страници во фудбалските книги со секој нареден настап.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


И на синоќешниот натпревар против Летонија, кој Англија убедливо го доби со 5:0 и со тоа обезбеди место на Светското првенство како прва европска селекција, Кејн повторно беше во центарот на вниманието. Тој постигна два гола, а со вториот го собори уште еден национален рекорд.

Со тој погодок, Кејн стана англискиот репрезентативец со најмногу постигнати голови додека настапува за клуб надвор од Англија. Сега има вкупно 18 гола – еден повеќе од легендарниот Гери Линекер, кој меѓу 1986 и 1989 година како член на Барселона постигна 17 погодоци за националниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета пред финалето: Тука сме за да ја земеме титулата на ПСЖ!

Арсенал ќе се обиде вечерва да го спречи Пари Сен Жермен и првпат во историјата да ја осво…