Дома Фудбал Англија Тотенхем се „распаѓа“, Покетино јавно ги обвини фудбалерите!

Тотенхем се „распаѓа“, Покетино јавно ги обвини фудбалерите!

После третиот пораз во низа Тотенхем скоро и да испадна од трката за титулата во Премиер лигата.

„Петлите“ во вчерашниот натпревар против Лестер беа поразени со 2:1 и веќе заостануваат 13 бодови зад лидерот Манчестер Сити кој има и натпревар помалку.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Маурисио Покетино по поразот одговорноста ја префрли на фудбалерите.

„Aко не се бориш, ќе изгубиш, одигравме навистина слабо“, беше описот на Покетино за играта на неговиот тим.

„Многу зборувавме за подобар почеток на натпреварот бидејќи во неделата рано примивме погодок против ВБА. Беа агресивни во првото полувреме, навистина разочаравме многумина. Не е во прашање тактиката, системот или изборот првиот тим. Колективниот учинок беше сиромашен“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…