Холандскиот стопер Мики Ван де Вен кој во последните две сезони играше за Волфсбург потпиша нов шестгодишен договор со Тотенхем, потврди лондонскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Трансферот на 22-годишниот фудбалер според медиумите на Островот изнесува околу 50 милиони евра. Тотенхем добил 40 милиони евра веднаш и уште десет преку бонуси.
Во текот на изминатата сезона во Бундеслигата Ван де Вен одигра 36 натпревари. Кариерата ја започна во Волендам, а во 2021 година премина во Германија. Тој е петтото засилување за Тотенхем во овој преоден рок откако претходно пристигнаа: Џејмс Медисон, Ешли Филипс, Гиљермо Викарио и Манор Соломон.
Тотенхем новата сезона ја започнува во недела со гостувањето кај Брентфорд.