
Тотенхем го суспендираше на еден натпревар својот фудбалер Иво Бисума поради контроверзната снимка на која играчот од средниот ред вдишува азотен оксид „гас за смеење“ со психоактивен ефект, изјави денеска менаџерот на овој клуб Постекоглу.
Бисума, кој настапуваше за Лил и Брајтон, ќе го пропушти првиот натпревар од сезоната во Премиер лигата против Лестер.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
„Го суспендиравме за натпреварот во понеделник“, рече Постекоглу на прес-конференција.
Во саботата, Бисума објави видео на Snapchat на кое се гледа дека вдишува „гас за смеење“ користејќи балон.