Tотенхем го потврди трансферот од 55 милиони евра на Кристијан Ромеро.
Стоперот на Аталанта доаѓа на „Вајт Харт Лејн“ и потпиша договор на пет години. Минатата сезона Ромеро го носеше дресот на Аталанта како позајмен фудбалер од Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Летово Аталанта прво го откупи за 16 милиони евра, па го продаде на Тотенхем за 55 и така си оствари одлична заработка. На негово место клубот од Бергамо го доведе турскиот дефанзивец, Мерих Демирал.
Минатата сезона Ромеро за Аталанта одигра 42 натпревари и беше еден од најдобрите дефанзивци во Италија.
Со одличните настапи се избори и за повик во репрезентацијата на Аргентина со која триумфираше во Копа Америка.