Дома Фудбал Останато ТОП 5 најстари играчи во НБА лигата

ТОП 5 најстари играчи во НБА лигата

НБА лигата е пример за еволуција на спортот, бидејќи сега начинот на игра е многу побрз во овој спорт за разлика од начинот на кој се играше пред две децении. Сега имаме многу млади и „гладни“ играчи кои секоја сезона влегуваат во НБА, но има и многу стари кошаркари кои се уште се во одлична форма.

Покрај тоа, љубителите на НБА можат да ги направат натпреварите уште поинтересени така што ќе се обложуваат на тоа, а обложувањето да биде поинтересно вие можете да земете 1xBet бонус и да ги максимизирате вашите шанси за добивка.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во сезоната 2019/20 има многу млади кошаркари, но верувале или не постојат и многу стари играчи. Погледнете ја листата на петте најстари играчи.

5. Нене Хиларио – 37 години

Нене Хиларио е вдомен во Хјустон упте од сезоната НБА 2016 година. Тој имаше скор од 11.3 поени и 6.0 скокови по натпревар. Нене благодарение на овие бројки стигна во Хјустон Рокетс. Бразилската кошаркарска ѕвезда прв пат започна во НБА во 2002 година во Њујорк, а набргу потоа се пресели во Денвер каде што беше член девет и пол сезони. Потоа замина во Вашингтон и на крај премина во Хјустон како слободен агент.

4. Кајл Корвер – 38 години

Кај Корвер е на четвртото место на вечната листа на тројкаши во НБА. Тој иако има 38 години се уште е активен кошаркар и дел од тимот на Милвоки Бакс. Овој „стар“ ловек има просек од 7 поени по натпревар.

3. Пау Гасол – 39 години

Пау Гасол е е дел од тимот на Портланд. Тој неодамна се жалеше за еволуцијата на НБА лигата, велејќи дека повеќе нема смисла на теренот. Сезоната 19/20 не ја започна како што треба бидејќи маше повреда на ногата. Двократниот шампион во НБА се надева дека може да придонесе во Плеј оф кога ќе се врати назад.

2. Удонис Хаслем – 39 години

Ретки се играчите кои во НБА лигата остануваат во еден тим во текот на целата своја кариера. Еден од нив е Хаслем кој е потпиша во Мајами во 2003 година и се уште е дел од тој тим. Хаслем своето име го изгради како дефанзивец во текот на тие години.

1. Винс Картер – 42 години

Винс Картер е најстариот активен играч во НБА лигата. Картер има солидна кариера и покрај фактот што нема освоено НБА титула. Тој беше познат како секавичен данкер кога влезе во НБА лигата. Старецот веќе две сезони е во Атланта, а во минатата сезона изигра 76 натпревари со скор од 17.2 поени по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легендарниот Фернандо Алонсо донел конечна одлука за неговата кариера

Фернандо Алонсо отворено зборуваше за своите планови за иднината во Формула 1. Тимот од Си…