Дома Фудбал Останато ТОП 10:„Отпишаните“ се вратија, пристигнаа „тивко“ а сега се НЕЗАМЕНЛИВИ!

ТОП 10:„Отпишаните“ се вратија, пристигнаа „тивко“ а сега се НЕЗАМЕНЛИВИ!

Во европските лиги поминаа веќе четвртина од натпреварите, а сега на ред дојдоја играчите кои беа дел од трансфер треската во летниот трансфер период.

Овој пат внимание посветија на оние кои тивко ја променија средината и целосно ги надминаа очекувањата. Популарниот портал „Squawka“ објави листа од десет засилувања кои се покажаа како најголеми позитивни изненадувања оваа сезона. На оваа листа има и неколку Балканци, па да започнеме по ред…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


10. Хесус Навас (Манчестер Сити – Севиља, слободен играч)

Откако Гвардиола го отпиша минатото лето, сите очекуваа дека кариерата Шпанецот ќе ја продолжи по истиот пат. Сепак, Навас се врати во својот поранешен клуб Севиља, каде што игра многу добро и е еден од најдобрите играчи на Андалузискиот тим.

9. Немања Матиќ (Челзи – Манчестер Јунајтед, 45 милиони)

Матиќ е играч од светска класа, но во Челзи беше во вториот план. Особено под водство на Антонио Конте, кој упорно го форсираше Н`Голо Канте. Меѓутоа, Србинот со доаѓањето на „Олд Трафорд“ веднаш ги „купи“ навивачите на Јунајтед со борбениот дух и фудбалското знаење. Се случи и тоа Матиќ во моментов да го игра можеби и најдобриот фудбал во неговата кариера, и неразбирливо е зошто „Сините“ се откажаа од него.

8. Максимилијан Филип (Фрајбург – Борусија Дортмунд, 15 милиони)

Борусија Дортмунд го продаде Осман Дембеле на Барселона за дури 105 милиони евра, а на неговото место го доведе младиот 23-годишен Филип кој за сега се покажа како и повеќе од пристојна замена постигнувајќи пет гола и запишувајќи исто толку асистении во 15 настапи. Тој е едно од најпријатните изненадувања во Бундеслигата, без никаква дилема.

7. Сеад Колашинац (Шалке – Арсенал, слободен играч)

Навивачите на Арсенал овој трансфер не го одобрија, го сметаа за уште еден залуден трансфер на Венгер. Сепак, уште на официјалното деби Колашинац ги воодушеви, постигнувајќи гол против омразениот Челзи. Сеад без никакви дилеми во дресот на „Топчиите“ покажа неспорен квалитет, како од дефанзивен, така и од офанзивен асптект на играта и навивачите на Арсенал се уште не можат да веруваат каков играч добиле и тоа сосема бесплатно.

6. Џефри Кондогбиа (Интер – Валенсија, позајмица) 

Кондогбиа од почетокот на својата кариера се смета за еден од најголемите надежи во светскиот фудбал. Сепак, Кондогбиа до сега не покажа многу и малкумина веруваа дека ќе биде големо засилување за „Лилјаците“ откако што ова лето од Интер пристигна на позајмица. Ги изненади сите и игра одлично во најпријатното изненадување во Ла Лига.

5. Маријано Диjаз (Реал Мадрид – Лион, 8 милиони)

Еден од играчите кои ова лето го напуштија Реал е напаѓачот од Доминиканската Република, Маријано Дијаз. Со трансферот од Мадрид во Лион, 24-годишниот напаѓач експлодираше и за сега постигна девет гола во 15 натпревари за „Лавовите“. Наводно, „Кралевите“ веќе размислуваат за да го откупат во јануари, бидејќи Бензема е во голема криза.

4. Рикарлисон (Флуминензе – Ватфорд, 12.4 милиони)

Кога Бразилец од бразилското првенство ќе се пресели во некој од најголемите светски клубови, од него се очекува да има квалитет од некоја фудбалска не толку силна земја како Бразил. Но, кога Бразилецот ќе се пресели во некој „понизок“ европски клуб, тој е пречекан со скептицизам. Така беше и со младито 20-годишен играч, но тој за сега се покажа како одлично засилување и стана незаменлив член во првите 11 на Марко Силва.

3.  Симоне Заза (Јувентус – Валенсија, 16 милиони)

Минатата сезона Заза ја помина на позајмица во Валенсија постигнувајќи шест гола и повеќе за него почнаaат да зборуваат дека е просчен напаѓач. Кога „Лилјаците“ ова лето го откупија неговиот договор, малкумина очекуваа спектакл, но Заза за сега игра одлично и постигна девет гола и запиша три асистнеции за второпласираната екипа во Шпанија. Италијанецот докажа дека лошата епизода во Вест Хем беше само случајност.

2. Гонкало Гуедес (ПСЖ – Валенсија, позајмица)

Третиот играч на Валенсија на оваа листа е 20-годишниот играч Гонкало Гудес кој стана прекуброен во ПСЖ по пристигнувањето на Нејмар. Гудес можеби е и најдобриот играч оваа сезона во Валенсија, постигна три гола, запиша пет асистенции, а вклупно на своите играчи им создаде 16 шанси. Исто така, оваа сезона процентт на освоени дуели е неверојатен 83%. Се шпекулира дека многу гиганти со задоволство би го довеле следното лето.

1. Паулињо (Гуангжу Евергранде – Барселона, 40 милиони)

Паулињо е играч кој постојано е критикуван уште кога во 2013. пристигна во Тотенхем. Откако не успеа да се снајде во Премиер лигата, Бразилецот си отиде да собере големи пари во кинескиот Гуангжу Евергранде. Ова лето се врати во Европа за неверојатни 40 милиони евра и управата на Барса поради тоа заработи големи критики. Многумина веруваа дека тоа се само потрошени пари, но тој набрзо го демантираше тоа. Паулињо уште во првите настапи покажа класа, доминантен е на средината на теренот, а и постигнува гол кога е потребно. Со сето ова, тој стана незамелнив член во екипата на Ернесто Валверде која одлично игра во Ла Лига.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…