Поранешниот фудбалер на Интер, Адријано повторно е во фокусот на вниманието затоа што неговиот брак со Микаела Мескита траеше само 24 дена.
Адријано имаше одлична кариера, но секогаш ќе остане запаметен како некој кој можеше и многу повеќе, но cмртта на неговиот татко беше тpaгедија која го натера да се препушти на пороците место да продолжи да ја гради кариерата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред помалку од еден месец Адријано стапи во брак со 15 години помладата Микаела Мескита, а овој месец се најавуваше дека ќе направат интимна прослава со семејството и блиските пријатели, но место прослава ќе има развод.
Медиумите пренесуваат дека Адријано одлучил да се врати во фавелата каде што пораснал за таму да го гледа натпреварот Бразил – Швајцарија. Но, се појавил проблем – го снемало два дена.
Кога се вратил дома не дал логично оправдување зошто го немало 48 часа, па затоа Мескита одлучила да стави крај на врската.