Повремениот репрезентативец на Македонија, Тодор Тодороски е нов фудбалер на унгарскиот Залаегерсег со кој потпиша договор на една година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тодороски кој игра како десен бег во Унгарија пристигнува од Сумгаит од Азербејџан.
„Среќен сум што доѓам во овој тим. Ќе работиме напорно да ги оствариме целите. Се надевам на добри резултати“, изјави македонскиот фудбалер.
Во кариерата Тодороски настапуваше уште за Коожув, Металург, Вардар, Шибеник, Раднишки и Серед.