Младиот напаѓач на Лајпциг и германски репрезентативец, Тимо Вернер важи за еден од најперспективните фудбалери во Германија и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.
Веќе извесно време медиумите тврдат дека 22-годишниот напаѓач е трансфер цел на Баерн Минхен, а самиот Вернер не ја исклучува таа можност.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не сакам да брзам. Има време до крајот на сезоната да одлучам за мојата иднина. Ако играш за Лајпциг и сакаш да останеш во Германија, тогаш можеш да преминеш само во еден клуб, а тоа е Баерн Минхен“, изјави Вернер.
„Се разбира, опција е да останам во Лајпциг уште една година. Сепак, има и други клубови и надвор од Германија кои се опција за мене“, додаде младиот напаѓач.
Timo Werner on his future: "I’ve had a nice two and a half years at Leipzig, so they are in the picture. There are other clubs in the picture. If you play in Germany and want to stay in Germany, there is only one club in question." pic.twitter.com/ZHzkPPcqSW
— Squawka News (@SquawkaNews) December 20, 2018