Дома Фудбал Останато ТИМОТ ОД КОЈ СИТЕ СЕ ПЛАШЕА: Борусија Дортмунд од 2013. година е нешто посебно!

ТИМОТ ОД КОЈ СИТЕ СЕ ПЛАШЕА: Борусија Дортмунд од 2013. година е нешто посебно!

Борусија Дортмунд оваа сезона конечно би можела да му се спротистави на Баерн во борбата за титулата шампион на Германија, бидејќи минхенскиот клуб не е во некоја добра форма. Пред неколку години, Дортмунд успеа да ја прекине серијата на Баерн, но тоа не траеше долго.

Екипата на Дортмунд се препороди кога Јирген Клоп пристигна на тренерското место, а многу брзо дојде до титулата во Бундеслигата. Сепак, Дортмунд играше многу добро во Лигата на Шампионите и сите екипи се плашеа да се сретнат со овој тим. Особено се памети тимот од 2013. година, кога Дортмунд стигна до финалето, но тука ги спречи токму Баерн кој славеше со 2:1.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа, генерацијата која тогаш ја имаше Клоп е нешто што тешко ќе се повтори кога станува збор за Дортмунд. Овој тим на свој терен го победи Реал со големи 4:1 кој тогаш беше предводен од Роналдо, а во Дортмунд паднаа и екипи како Аренал, Манчестер Сити и многу други.

Екипата која тогаш ја водеше Дортмунд до финале во Лигата на Шампионите сигурно уште долго ќе се памети кај навивачите на овој клуб. Од банкрот, па до финале во Лигата на Шампионите Дортмунд дојде за само неколку години и покажа дека со добра работа се може да се постигне. Поради тоа, вистинска прилика е да се потсетиме на неверојатниот состав на овој тим од 2013. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…