Играчот за врска на Лестер, Јури Тилеманс притиска да му биде дозволен трансфер во Ливерпул.
Белгиецот е трансфер цел на „црвените“ кои во него гледаат идеална замена за Вајналдум.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е спремен да понуди 60 милиони фунти за потписот на Тилеманс. Тоа е двојно повеќе од сумата која „лисиците“ ја платија за да го донесат во 2019 година.
Тилеманс игра фантастично во Премиер лигата, па Лестер не сака да се раздели од него и е спремен да ја одбие понудата од „црвените“.
Меѓутоа, самиот фудбалер притиска да му биде дозволен трансфер бидејќи сака да се пресели на „Енфилд“.