Покрај тоа што ќе се комплетираат учесниците во ¼ финалето од ЛШ, вечер се игра и еден реванш дуел од конференциската лига. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Башакшехир – Гент – ГГ @ 2.05 во Mozzart
Се знаеше уште после жребот дека овој двомеч ќе биде најнеизвесен. Се покажа тоа и во првиот натпревар кој беше изигран во Белгија и заврши со резултат 1:1. Сепак впечатокот кој се стекна е дека треба да се земе со резерва бидејќи играа во малку потешки услови односно на влажен терен. Неизвесно ќе биде и сега дефинитивно и никој нема предност со оглед на фактот дека повеќе гол во гости не се смета. Гент во претходното коло запиша убедлива победа против Зулте, а Башакшехир уште еднаш разочара и беа поразени од Бешикташ. Овде веруваме дека двата тима ќе одат на победа, а скоро секогаш таквите натпревари се одликуваат со голови. Наш предлог е ГГ со квота 2.05 во Mozzart.
Брајтон – Кристал Палас – 0-2 @ 1.99 во Bet365
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Брајтон над сите очекувања успеаа да изиграат два ефикасни дуели. Прво со 4-0 го победија Вест Хем, а за викендот ремизираа против Лидс на Еланд Роуд со 2-2. Нивната позиција им овозможува да играат растеретено и кога се такви, тогаш се најопасни. Моментално се на 7-та позиција, но и со два заостанати натпревари и во зависност од нивниот исход можат да го поправат и пласманот. Лига Европа не е реална цел, но Лига Европа и не е невозможна мисија. Кристал Палас ситуацијата е малку подруга и тие немаат победа во 2023 година, а последниот триумф го остварија на 31-ви декември 2022 година. Како и да е, овде ние очекуваме натпревар без многу погодоци, па затоа решивме да типуваме 0-2 гола со квота 1.99 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.08
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk