Дома Тикет на денот Тикет на денот (вторник, 31.01.2023)

Тикет на денот (вторник, 31.01.2023)

Последниот ден од јануари е со сосема добра понуда. За составување на тикетот немавме проблем. Ова е нашиот предлог за денес.

Њукасл – Саутемптон – 1&3+ @ 2.25 во Mozzart

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова е реванш натпревар на ½ финалето од англискиот ЕФЛ Куп. Њукасл веќе во првиот натпревар во Саутемптон стекнаа предност од еден погодок и важат за големи фаворити за пролаз во финалето каде што најверојатно ривал ќе им биде тимот на Манчестер Јунајтед. За Њукасл е најважно да го задржат местото помеѓу четирите најдобри тимови во Премиер лига и така од есен да настапауваат во најелитното фудбалско натпреварување – Лига на шампиони. Саутемптон успеа да го елиминира Манчестер Сити, па им ја олесна работата на многу екипи во ова натпреварување. Њукасл е овде фаворит, а ние очекуваме да победат и притоа да се постигнат најмалку три погодоци. Типуваме 1&3+ со квота 2.25 во Mozzart.

Унион Берлин – Волфсбург – ГГ @ 1.89 во Bet365

Двете екипи кои се во одлична форма во Бундеслигата ќе се борат за пласман во ¼ финалето од ДФБ купот. Ова е дерби на 1/8 финалето. Унион Берлин е второпласиран тим во германското првенство, а Волфсбург беше немилосреден во првите две кола во продолжението на сезоната и победи со вкупна гол разлика од 11:0. Меѓутоа, Волците беа поразени во саботата во Бремен и повторно се оддалечија од врвот на табелата. Можеби шансата за нив е токму купот и тоа може да биде приоритет, особено ако успеат да г оелиминираат Унион. Берлинците ги победија сите три натпревари во јануари и на домашен терен беа подобри од Хофенхајм. Овде очекуваме двата тима да постигнат погодок и типуваме ГГ со квота 1.89 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.25

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (сабота, 27.06.2026)

Продолжуваат натпреварите од третото коло на овогодинашното издание на Мундијалот, а покра…