Дома Македонски спорт Мак фудбал Тиквеш работи со полна пареа: Потпиша и со португалски голгетер!

Тиквеш работи со полна пареа: Потпиша и со португалски голгетер!

Тиквеш започна со подготовките за наредната сезона, а во последниот краток период од Кавадарци веќе потврдија неколку нови имиња и заминувања.

Најновата информација е постигнатиот договор со португалскиот напаѓач Марио Гасама кој е најавен како мега-засилување. Во Тиквеш очекуваат многу во нападот од 22-годишниот голгетер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Промените во Кавадарци започнаа пред два дена кога клубот објави заминување на шестмина фудбалери: Барга Нгоба, Николај Христов, Најмчески Стефан, Урош Мирковиќ, Стефан Костов и Наумовски Виктор.

Ден потоа беше потврден и трансферот на младиот Андреј Лазаров во хрватскиот прволигаш Рудеш.

Првото засилување кое пристигна беше Џемал Ибиши, а од позајмица се вратија Мартин Тодоров и Кире Митков и тие бидат дел од тимот за новата сезона. Нов договор потпиша Даниел Крчески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…