Дома Фудбал Тен Хаг за играчот од 95 милиони евра: Мора да заработи право да игра за Манчестер

Тен Хаг за играчот од 95 милиони евра: Мора да заработи право да игра за Манчестер

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Ерик тен Хаг го подготвува својот тим за дуелот од Карабао купот против третолигашот Барнсли.

Главното прашање на новинарите во Англија пред тој меч беше дали ќе игра Антони, Бразилецот за кој Јунајтед пред две години плати 95 милиони евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


“Ќе видиме каков ќе биде составот против Барнсли. Имаме тренинзи секој ден и секој треба да го заработи правото да игра за Манчестер Јунајтед.

Кога ќе имаат правилен став и ќе покажат добри перформанси на тренинзите, тогаш ќе играат”. – изјави Тен Хаг, кој минатата сезона со Јунајтед го освои ФА Купот.

„Карабао купот и ФА Купот се важни. Многу тимови им обрнуваат внимание, сопствениците на клубовите и тренерите сакаат да освојуваат трофеи. Сум видел тимови да се борат за освојување купови, а ние го сакаме истото“, изјави холандскиот тренер.

Антони (24) пристигна во Англија од Ајакс токму на иницијатива на Тен Хаг. Дриблерот од Сао Паоло одигра вкупно 83 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна 11 голови. Минатата сезона не беше добра за него. Западна во криза од која сè уште не се опорави. Во меѓувреме неговата цена падна на 25 милиони евра на Трансфермаркт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана му подари гол на Плзен, но Јунајтед победи

Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета победа во Лига Европа откако направи пресврт …