Дома Фудбал Англија Тежок удар за Тотенхем – остана без еден од најважните фудбалери!

Тежок удар за Тотенхем – остана без еден од најважните фудбалери!

Дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервајлед ќе биде надвор од терените скоро три месеци поради поведа, потврдија англиските медиуми.

Белгискиот репрезентативец се повреди на мечот против Реал Мадрид во ЛШ минатиот месец и сега е утврдено дека на терените ќе се врати дури во февруари.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ова е голем удар за Тотенхем бидејќи Алдервајлед е еден од најважните фудбалери во тимот, а „Спарси“ без него не примија гол само на еден меч.

„Не може да ја промениме реалноста, а таа е дека Тоби е повреден и нема да игра до февруари“, изјави Покетино.

Во тој период Белгиецот ќе пропушти минимум девет натпревари од Премиер лигата, вклучително и двата дерби натпревари против Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид може да заработи 30 милиони евра од фудбалер кој си замина пред три години

Реал Мадрид ова лето би можел да добие сосема неочекувана финансиска поддршка благодарение…