Дома Македонски спорт Мак ракомет Тежок удар за Еурофарм Пелистер: Костески го чека долга пауза, повреден и Атанасиевиќ

Тежок удар за Еурофарм Пелистер: Костески го чека долга пауза, повреден и Атанасиевиќ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер Ненад Костески и Павле Атанасиевиќ на последниот натпревар од ЛШ против екипата на Колштад се здобија со повреди поради кои нема да можат да настапат на саботниот натпревар со ГРК Тиквеш.

Во тек на вчерашниот ден веднаш после пристигнување на екипата во Битола, направени се детални медицински прегледи на кои е утврдено дека повредата на Ненад Костески е од потешка природа. Се работи за кинење на преден вкрстен лигамент на десното колено. Костески во наредниот период ќе мора да се подвргни на хирушка интервенција и подолга рехабилитација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кај Павле Атанасиевиќ констатирано е фрактура на носна коска. Утрово превземена е соодветна медицинска постапка со која е санирана дислокацијата. Очекувањата се дека Атанасиевиќ на терените ќе се врати за три недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…