Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас бара од ФИФА да го укине новиот формат на Светското клупско првенство.
За Тебас нема причина да се одржува новата и проширена верзија на Мундијалот за клубови.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На оваа тема Тебас зборуваше пред собранието на Асоцијацијата за европски клубови во Брисел.
„Ваков турнир не е неопходен ниту за играчите, ниту за клубовите или ФИФА. Џани Инфантино добро знаеше дека не ги продаде ТВ правата за цената која ја бараше. Знае дека нема спонзорство и дека лигите и сојузот на играчи не го сакаат ова Светско првенство. Дефнитивно не треба да се одржи“, изјави Тебас.
Според новиот формат Светското клупско првенство ќе се игра како Мундијалот за репрезентации и тоа ќе донесе поголем број натпревари.