Дома Офсајд Тајсон открива долго чувана тајна: Бев силуван кога бев дете

Тајсон открива долго чувана тајна: Бев силуван кога бев дете

Еден од најголемите боксери на сите времиња, најмладиот светски првак во тешка категорија, Мајк Тајсон, во интервју за ЕСПН, открил долго чувана и страшна тајна.

Познато е дека контроверзниот светски првак во тешка категорија како дете растел во голема сиромаштија, дека таткото го напуштил семејството додека тој бил дете и дека мајка му и сестра му починале кога тој имал 16 години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, никој не знаел дека Тајсон бил сексуално малтретиран како дете.

„Бев дете. Тој беше возрасен. Ме тепаше и сексуално ме малтретираше. Никогаш потоа не го видов“, рекол Тајсон во интервјуто за ЕСПН.

По шокантното откритие, новинарот го прашал дали некому му кажал за овој случај. Целосно скршениот Тајсон најпрвин молчел, а потоа одговороил со прашање: „Зошто сѐ уште сме на оваа тема сексуално малтретирање?“

Одговорт на новинарот бил логичен: „Поради тоа што никогаш претходно не сум те слушнал да зборуваш на оваа тема“.

„Никогаш на никого не сум му го кажал ова“, рекол Тајсон.

Челичниот Мајк потоа рекол дека сексуланото малтретирање немало влијание во неговиот понатамошен живот, односно дека боксот му помогнал да го надмине тоа.

„Секако дека гневот го носев во себе, но повеќе никој нема да ме допре“, завршил Тајсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Ќерката на Луис Енрике го остави Феран Торес, па си „фати“ негов соиграч

Сирa Мартинез е светска шампионка во јавање на младинско ниво, има 23 години и е фасцинира…