Дома Фудбал Таткото на Јамал се огласи на Инстаграм откако беше избоден со нож

Таткото на Јамал се огласи на Инстаграм откако беше избоден со нож

Шпанските медиуми објавија дека е избоден Мунир Насрауи (32), татко на Ламине Јамал (17), ѕвездата на Барселона и неодамнешен победник на Европското првенство со Шпанија. Насрауи бил избоден со нож на паркинг во шпанскиот град Матаро.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Полицијата го презела случајот и успеала да лоцира неколку сведоци на инцидентот. Засега е јасно само дека Насрауи учествувал во тепачка на улица непосредно пред да биде избоден, а познат е идентитетот на тројцата напаѓачи.

Полицијата ги уапсила, а шпанските медиуми пишуваат дека за нападот е осомничено уште едно лице и се уште се трага.

Tаткото на Јамал сега се огласи на Инстаграм. „Благодарам на сите за охрабрувањето, сега сум подобар. Големи прегратки до сите“, објави тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…