Дома Фудбал Останато Таткото на убиениот навивач завршил во болница – нема да смее да присуствува на погребот на својот син?!

Таткото на убиениот навивач завршил во болница – нема да смее да присуствува на погребот на својот син?!

Според последните информации од грчките медиуми таткото на убиениот навивач Михалис Кацурис завршил во болница.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во текот на вчерашниот ден медиумите ја пренесуваат изјавата на таткото на Михалис кој порача дека сака достојно да се прости од својот син, но за жал изгледа нема да може да присуствува на неговиот погреб.

Грчките медиуми пишуваат дека денес таткото на Михалис се онесвестил и завршил во болница каде што било утврдено дека добил напад на паника поради шокот за загубата на синот.

Ноќта ќе ја помине во болница, а исто така се наведува дека докторите нема да му дозволат да присуства на последното испраќање на неговиот син.

Според докторите тоа би било преголем здравствен ризик. Исто така се пишува дека мајката на убиениот навивач имала проблем со здравјето, конкретно со срцето, но таа засега не е хоспитализирана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри тра…