Дома Топ вести Таткото на Меси пристигна во Саудиска Арабија 📷

Таткото на Меси пристигна во Саудиска Арабија 📷

Таткото на Лионел Меси вчера беше забележан во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, а во медиумите се појавија и фотографии.

Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, бидејќи неговиот договор со ПСЃ истекува во јуни.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Шпанска „Марка“ пишува дека саудискиот Ал Хилал е подготвен да му пониди дури 220 милиони евра по сезона на Аргентинецот.

Планот на Арапите е да го обноват ривалството Меси-Роналдо, но најпопуларниот клуб во земјата одлучи да го надмине договорот со големиот ривал Ал Наср и да го направи Аргентинецот најплатен во светот.

Таткото на Меси, кој е и негов менаџер, пристигна во Саудиска Арабија за лично да преговара со претставници од клубот и да се запознае со сите детали од понудата.

Ако Меси одлучи да ја прифати понудата и да се пресели во Саудиска Арабија ќе го обнови ривалството со Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…