Дома Фудбал Таткото на Ламин Јамал избоден со нож

Таткото на Ламин Јамал избоден со нож

Шпанските медиуми јавуваат дека синоќа бил избоден со нож Мунир Насрауи (32), татко на Ламин Јамал (17), ѕвездата на Барселона и победник на актуелното Европско првенство со Шпанија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Насрауи бил избоден со нож на паркинг во шпанскиот град Матаро. Набрзо бил префрлен во болница, но според првичните информации брзо бил испратен дома. Полицијата го презела случајот и успеала да лоцира неколку сведоци на инцидентот. Засега се шпекулира дека Насрауи бил вмешан во тепачка.

Да потсетиме, таткото на Јамал, Мунир, е од Мароко, а неговата мајка е од Гвинеја. Играјќи за Шпанија, Ламин Јамал носи фудбалски копачки со знамињата на африканските земји и истакнува дека е горд на своето потекло.

Јамал моментално е еден од најдобрите фудбалери во светот и според Трансфермаркт вреди 120 милиони евра. За шпанската репрезентација има 14 гола и три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oли Воткинс договорил трансфер каков што никој не очекуваше!

Англискиот репрезентативец Оли Воткинс го напушта тимот на Астон Вила. Како ПАМЕТНО да тип…