Младиот бразилски фудбалер, Рафаел Гомес Сирино или познат како Белињо избра да настапува за Хрватска.
Сирино ги избра „коцкестите“ пред селекцијата на Бразил, а јавноста му предвидува голема кариера. Во овој момент Белињо има 14 години и е фудбалер на Динамо Загреб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Хрватска тој се нашол со неговиот татко и браќа во потрага по подобар живот и егзистенција.
Агентот на младиот фудбалер истакна дека ако Белињо продолжи во овој ритам во иднина ќе вреди 100 милиони евра и тоа уште како тинејџер. Инаку ако го облече дресот на репрезентацијата на Хрватска ќе стане третиот Бразилец кој играл за „коцкестите“ по Едуардо да Силва и Самир.
Сезонава запиша два настапи во младинскиот тим на Динамо Загреб, меѓутоа така беше поради повредата на рамото која ја имаше.