Лидерот на табелата во ПМФЛ Струга Трим Лум објави дека своите европски натпревари летово ќе ги игра во Охрид со цел да бидат поблиску до нивните навивачи.
На стадионот „Билјанини Извори“ можат да се играат европски натпревари, па така клубот нема да мора да патува за Скопје, но и ќе биде поблиску со стружани кои ќе сакаат да го поддржат клубот од својот град.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Струга е блиску до шампионската титула затоа што има пет бода повеќе од Шкендија, а седум од Шкупи во завршницата од сезоната и така за првпат би играле во квалификациите за Лигата на шампионите.
Исто така Струга ја очекува и натпревар во финалето од Купот на Македонија против бранителот на трофејот Македонија Ѓорче Петров.