Дома Македонски спорт Мак фудбал Струга ги доби можните противници во потенцијалниот плеј-оф во Конференциската лига

Струга ги доби можните противници во потенцијалниот плеј-оф во Конференциската лига

Тимот на Струга на 10-ти август го чека првиот меч од двомечот во третото квалификациско коло против Есперанж од Луксембург, а денес познато е против кого може да игра македонскиот шампион, ако се пласира во плеј-офот од Конференциската лига.

Ако Струга излезе како победник против Есперанж, ќе оди на Зрински (БиХ) или Бреидаблик (Исланд) во плеј-офот кој е последната пречка за влез во групната фаза. Натпреварите од плеј-офот се играат на 24-ти и 31-ви август.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сепак, во Струга сигурно прво мислат на двомечот со Есперанж кој за три дена ќе гостува во Скопје, а на 17-ти македонскиот шампион патува за Луксмебург. Домашниот натпревар Струга ќе го игра на терените на ФФМ и влезниците се пуштени во продажба по цена од 300 денари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…