Дома Луд Спорт Страшна несреќа: Крокодил уби фудбалер!

Страшна несреќа: Крокодил уби фудбалер!

Младиот 19-годишен фудбалер Алберто Гино, член на фудбалскиот клуб Атлетико Минеиро де Тете од Мозамбик, смртно настрада откако беше нападнат од крокодил на реката Замбези.

Младиот фудбалер по тренингот одлучил да се освежи во реката, кога бил нападат од крокодил кој му нанел смртоносни повреди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тој се одлучи да се освежи, а крокодилот се појави за неколку секунди. Го зграпчи за ногата и го одвлече. Подоцна го пушти, но веќе беше доцна. Пријателите кои беа во близина слушнаа врисок но не можеа да направат ништо. За жал, повредите беа смртоносни“, изјави тренерот на фудбалскиот тим, Еди Карваљо.

„Тагуваме за нашиот играч, брат, пријател, син. Имаше само 19 години и светла иднина“, изјавија од фудбалскиот клуб

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…