Синоќа во страотна сообраќајка во населбата Кисела Вода животот го загуби македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур, роден на 15 октомври 1950 во Скопје.
Првичните информации се дека Буштур изгубил контрола на возилото поради лизгавиот коловоз и удрил во бетонската жардињера која се простира на средината на коловозот на булеварот Србија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Благоја својата кариера ја поминал во Работнички, клуб кој се натпреварувал во Првата југословенска кошаркарска лига. Со Работнички во сезоната 1975/76, Благоја стигнал до полуфиналето на Купот на победниците на куповите. Во тоа тоа полуфинале, за време на гостувањето кај Чинцано Олимпија Милано, Георгиевски заедно со соиграчот Драган Радосављевиќ добиле труење од храна, резултирајќи со висок пораз на Работнички поради отсуството на Георгиевски – Буштур и слабиот играчки учинок на заболениот Радосављевиќ.
На Европско првенство во 1971 година, кое се одржало во Западна Германија, како член на Југословенската кошаркарска репрезентација Георгиевски освоил сребрен медал. Георгиевски бил учесник на Летните олимписки игри во 1976 година кои се одржале во Монтреал како член на Југословенската кошаркарска репрезентација, каде освоил сребрен медал.