Дома Македонски спорт Мак баскет Финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ ќе се игра во Скопје

Финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ ќе се игра во Скопје

И во оваа натпреварувачка сезона 2021/2022, Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Натпреварите, во машка и во женска конкуренција, ќе бидат реализирани во салата на Спортско-рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, во период од 18. до 20. февруари, 2022 година.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


За трофејот во машка конкуренција ќе се борат осум екипи кои беа најдобри по одиграните 11. кола од првиот дел од Првата лига-мажи. За пехарот во женскиот сегмент, ќе конкурираат четирите најдобри екипи по одигрувањето на 14. коло од првиот дел од сезоната во Првата лига-жени.

Бранител на титулата во машка конкуренција е екипата на МЗТ Скопје Аеродром, додека во женска конкуренција е екипата на Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…